„Истражувачките“ новинари нека се обратат во ОЈО и СВР Охрид,а не кај градоначалникот Георгиевски,за да обзнанат кој ги штити дивоградбите во Охрид!?

„КЕШ КОЛИЧКАТА“ ГО УНИШТИ СТРОГО ЗАШТИТЕНОТО ПОДРАЧЈЕ КАЈ СВЕТИ НАУМ,ОД НП„ГАЛИЧИЦА“ И ДРЖАВАТА МОЛК?!
October 1, 2019

„Истражувачките“ новинари нека се обратат во ОЈО и СВР Охрид,а не кај градоначалникот Георгиевски,за да обзнанат кој ги штити дивоградбите во Охрид!?

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Охрид како да постана центар за лекување на комплекси и дефокусирање на јавноста , но и новинарски центар за дневни прошетки, онака спаковано под поимот -Дивоградби ?!

Сите прсти вперени во Охрид , во градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски , небаре дивоградбите „процветале“ како Кокиче во последниве 6 месеци?!

Другите градови во РСМ немат дивоградби , таму е’ се како што треба , по сите закони?!

Да разјасниме . Градоначланикот на Охрид Константин Георгиевски ,нема функција на Градежен Испектор , ниту на градежен испекторат. Граѓаните кои сакаат да пријават дивоградба , треба да пријават кај Градежниот испекторат или кај градежжен испектор.Таквата пријава можат да ја направат и на Веб страната на Општина Охрид ohrid.gov.mk,или лично.Секако дека имаат право на анонимна пријава .

Кога веќе „силните“ новинарски истражувачи ,тргнале во поход по охридските дивоградби, неразбирлив е факто , зошто никој од нив не побарал било каква новинарска изјава од градежните испектори во Општина Охрид? Градежниот испекторат настапува самостојно ,градоначалникот нема законско право да се меша во работата на испекторатот , таквото нешто е регулирано со Закон.

Зошто силните новинари не се обратиле до ОЈО Охрид ,СВР Охрид , да прашаат ,колку од поднесените кривични пријави , од страна на Општинскиот градежен испекторат , до сега имаат реализирано?Против колку лица се поднесени обвиненија ? Колку до сега завршиле со правосилна судска пресуда? Кој ги штити узурпаторите на јавни добра од раката на законот?!

Зошто до сега ОЈО Охрид не поднело обвиненија против узурпаторите на охридските плажи?!

Од кога ќе ја увидат статистиката на поднесени пријави од страна на Општинскиот градежен испекторат од СВР Охрид и ОЈО Охрид, но и од кога ќе увидат дека немаме процесуирани кривични пријави од страна на СВР Охрид и ОЈО Охрид до надлежен Суд, но и дека нема до сега правосилни осудителн и пресуди против звучните имина,ќе постане јасно дека нешто смрди во ОЈО, СВР Охрид и Охридскиот Суд ,а не во Општина Охрид.Тие што треба да ги гонат прекршителите , се стални кафеански гости на узурпаторите.

С.Денесовски

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink
Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.