Џолев: Осум од девет судии се изземени од случајот со организаторите на „27 април“

СО АМИН ОД ВЛАДАТА НА РСМ И НП „ГАЛИЧИЦА“ ДОЗВОЛЕНО СПЛАВОВСКО УРИНИРАЊЕ И ГЛУПИРАЊЕ ВО ИЗВОРИТЕ НА ЗАШТИТЕН ПОЈАС КАЈ СВЕТИ НАУМ?
September 30, 2019
Заев: Фактите и вистината се јасни, не е доволно само нашата страна да има волја за тоа треба и страната од Бугарија
September 30, 2019

Џолев: Осум од девет судии се изземени од случајот со организаторите на „27 април“

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Оценката на обвинителниот акт за организаторите на настаните од 27 април ќе се случи во брзо време, изјави денеска претседателот на Основниот кривичен суд Скопје Иван Џолев.

Тој посочи дека од страна на Кривичниот суд повеќе пати е определуван Совет за оценка на обвинението, но на закажаните претреси одбраната поднесувала барања за изземање на судиите и досега осум од вкупно девет судии во Одделението за организиран криминал се изземени.

– Секогаш на закажните претреси за оценка од страна на одбраната поднесувани се барања за изземање на судиите, на кои што судот позитивно одговараше. Тоа се причините поради кои досега не е оценето тоа обвинение. Секако и судската ферија допринесе малку подолго од очекувањата да трае тоа оценување на обвинението – изјави Џолев.

Тој посочи дека речиси цело одделение судии од организиран криминал по различни основи досега учествувале во првиот предмет „27 април“ и дека веројатно ќе се делегираат други судии кои што ќе постапуваат по новиот предмет за организаторите за 27 април.

– За многумина тој предмет е поврзан со организаторите, односно сметаат дека станува збор за ист кривично правен настан. Од таа причина судот претпазливо се однесуваше кон барањата за изземање и на крај се реши за да нема никакви сомнежи за пристраноста на судиите да ги изземе судиите кои што учествувале по било каков основ во првиот предмет, за кој веќе имаме неправосилна пресуда. Тука се и други судии кои што учествувале во оценка на обвинението – изјави Џолев.

Прашан дали ќе се почитува одлуката на Уставниот суд во однос на казните на судијката Добрила Кацарска за адвокатите во првиот случајот за 27 април, Џолев изрази надеж дека повеќе нема да има вакви одлуки.

– Се надевам дека нема повторно да има вакви одлуки од страна на Уставниот суд. Ние и во соопштението рековме, како Кривичен суд, дека не се согласуваме со таквата одлука, ја спориме дури и надлежноста. Секако, дека одлуката ќе ја почитуваме. Да оставиме времето да покаже што ќе се случува во иднина – изјави Џолев.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително
Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.