Заев на прием кај Меланија и Доналд Трамп

Димовски побара да запре постапката, Судот одби, „Титаник“ продолжи со читање на доказите
September 24, 2019
СО АМИН ОД ВЛАДАТА НА РСМ И НП „ГАЛИЧИЦА“ ДОЗВОЛЕНО СПЛАВОВСКО УРИНИРАЊЕ И ГЛУПИРАЊЕ ВО ИЗВОРИТЕ НА ЗАШТИТЕН ПОЈАС КАЈ СВЕТИ НАУМ?
September 30, 2019

Заев на прием кај Меланија и Доналд Трамп

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Премиерот Зоран Заев, која ја предводи владина делегација на 74. Генерално собрание на Обединетите нации, во Њујорк, според грчки извори, денеска треба да има средба со грчкиот премиер Коријакос Мицотакис.

Ова ќе биде прва средба на двајцата премиери откако Кирјакос Мицотакис победи на изборите што се одржаа на почетокот на јули во Грција.

Во агендата на премиерот Заев е предвидена и официјална средба со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, како и присуство на приемот на покана од претседателот на САД Доналд Трамп и сопругата Меланија по повод одржувањето на 74-тото Генералното собрание на ОН.

Официјалното обраќање на премиерот Заев на Генералното собрание на ОН е предвидено за сабота во претпладневната сесија.

Во состав на владината делегација се и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Министрите ќе учествуваат во работата на форумите во рамки на четирите самити кои годинава се посветени на климатските промени, на универзалниот пристап до квалитетни здравствени услуги, на целите за одржлив развој и на финансирање на развојот.

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.