Заев ќе се види со Трамп и Меланија на Генералното собрание на ОН

Разрешен Јово Вангеловски од претседател на Врховниот суд
September 10, 2019
Катица Јанева со полициска придружба ја спроведоа кај Русковска
September 24, 2019

Заев ќе се види со Трамп и Меланија на Генералното собрание на ОН

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Премиерот Зоран Заев, вицепремиер Бујар Османи и министерите за надворешни работи, здравство и животна средина Никола Димитров и Венко Филипче и Насер Нуредини, од 23 до 28 септември ќе учествуваат во работата на Генералното собрание (ГС) на Обединетите нации во Њујорк, кое оваа година се одржува по 74-ти пат.

Заев и министрите во делегацијата ќе учествуваат во работата на форумите во рамките на четирите самити кои оваа година се организирани, во Самит за климатските промени, Самит за универзален пристап до квалитетни здравствени услуги, Самит за целите за одржлив развој и Самит за финансирање на развојот.

Програмата на премиерот Заев предвидува официјална средба со Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, како и присуство на приемот на покана од претседателот на САД Доналд Трамп и сопругата Меланија, по повод одржувањето на 74-тото Генералното собрание на ОН.

Интензивната програма на премиерот Заев и на делегацијата на Владатана  Македонија на овој настан од глобални димензии, е исполнета и со голем број билатерални средби и учества на настани и дискусии во организација на шефови на држави или влади, како и во организација на тинк-тенк и други меѓународни организации и академски и медиумски институции.

Официјалното обраќање на претседателот на Заев на Генералното Собрание на Обединетите Нации е предвидено за 28 септември, во претпладневната сесија.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink
Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.