Јанева и од притвор го забиберува новиот Закон за јавно обвинителство

Пендаровски : Сакаме да видиме брза и темелна истрага за случајот „Рекет“ (ВИДЕО)
August 28, 2019
Катица Јанева работела незаконски, несовесно и нестручно, падна предлог да се разреши
September 5, 2019

Јанева и од притвор го забиберува новиот Закон за јавно обвинителство

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Полномошното на шефицата на СЈО во оставка Катица Јанева, која е во притвор во Шутка како осомничена за случајот „Рекет“, со кое бара сите предмети на СЈО да бидат предадени на Јавното обвинителство кај Љубомир Јовески, ќе ги искомплицира и преговорите за законот за ЈО помеѓу власта и опозицијата.

Министерката за правда Рената Дескоска за Плусинфо изјави дека за последниот потег на Јанева допрва ќе има консултации.

– Во целиот период до сега Министерството за правда не коментира судски и јавнообвинителски одлуки, но во секој случај треба да направиме консултации какво влијание ќе има ова на одредени одредби во законот околу кои дебатираме и дали тие треба да се менуваат – ни изјави Дескоска.

Претходно од СЈО потврдија дека вчера до нив од страна на Основниот кривичен суд Скопје доставено е полномошно кое Катица Јанева преку КПУ „Затвор Скопје“ го доставува до ова Јавно обвинителство.

Со полномошното Јанева ги овластува обвинителите во ова Јавно обвинителство да ги предадат на Јавното обвинителство предметите кои се водат во ова Јавно обвинителство и тоа: кривичните предмети во судење, во истрага и во предистрага, се наведува во соопштението објавено на веб страницата на СЈО.

Имајќи го предвид законот за СЈО и одредбите за автономија на Обвинителството, во текот на денешниот ден од СЈО ќе испратат допис до Јавното обвнителство на РСМ со цел запознавање на Јавниот обвинител на РСМ со ваквото полномошно, по што ќе биде донесена одлука за евентуално понатамошно постапување.

Мандатот на СЈО истекува на 15 септември. Неговиот иден статус треба да се реши со новиот закон за ЈО кој е во собраниска процедура, но за него власта и опозицијата засега не можат да се усогласат.

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink
Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.