СТАРИОТ ДЕЛ НА ОХРИД ЌЕ СЕ ПРОГЛАСИ ВИП ПАРКИНГ ЗОНА, „ВИЗИТАРИТЕ“ ЌЕ СИ ПЛАТАТ ПАРКИНГ

ЈАНЕВА ЗЕМАЛА МЕБЕЛ И ДРУГИ ПОКЛОНИ КАКО НАГРАДА ВО ВРЕДНОСТ ОД 300.000 ЕВРА
August 21, 2019
ЗНМ-Ќе се формира регистар на професионални он лајн медиуми
August 26, 2019

СТАРИОТ ДЕЛ НА ОХРИД ЌЕ СЕ ПРОГЛАСИ ВИП ПАРКИНГ ЗОНА, „ВИЗИТАРИТЕ“ ЌЕ СИ ПЛАТАТ ПАРКИНГ

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Регулирање на паркинг просторот во стариот дел на Охрид ,мора да има ,исто како што мора да се спречат злоупотребите на сообраќајниците во страиот дел на Охрид ,како од страна на жителите на стариот дел на град Охрид , така и од гостите кој престојувата во овој дел на Охрид.

Најнапред , голема привилегија е да се живее во стариот дел на Охрид.Приватните станоиздаватели во овој дел на град Охрид имаат и дополнителна бенефиција ,а тоа е фактот ,дека во овој дел на Охрид , значително поскапи се станоиздавателните услуги, од останатиот дел на туристичката понуда во Охрид.

ДОБИЕНА ЕДНА КАРТИЧКА ЗА ВЛЕЗ ,ЈА ШЕТААТ ПО ГОСТИТЕ?!

Во текот на вчерашниот ден , бомбастично некој медиуми објавија ,дека имало проблем со паркинг во страиот дел на град Охрид , од како биле поставени рампите кај Горна Порта и кај Каменско!!

Регулацијата на паркинг просторот во старото охридско јадро Стар Град , беше на иницијатива на жителите на Стар Град,поднесена до Општина Охрид.Општина Охрид ,во соработка со Урбаната заедница Стар Град , изготвија елаборат и дефинираа на кој начин ќе се влегува во стариот дел на Охрид.Секој жител на  Урбана единица Стар Град , добија дозволиви електронски картички за влез – излез во стаариот дел на Охрид , каде што задолжително во одделението за сообраќај при Општина Охрид доставуваа имотни листови ,како и сообраќајни дозволи на нивните возила.За напомена , издавањето на дозволи за влез-излез во стариот дел на Охрид ,беше во надлежност на комисија составена од преставници на Урбаната Заедница Стар Град и градоначалникот на Охрид Констанин Георгиески.Сите ,едногласно зе заложвеја за ред во паркирањето во стариот дел на Охрид,но едно се договара ,а сосема друга слика во стариот дел на Охрид.

Гостите кој пристигнуваа во стариот дел на Охрид ,а кој имаа свој аранжман кај приватните станоиздаватели во стариот дел на Охрид ,беше договорено да им се дозволи непречен влез од 30 минути,а потоа автомобилите да ги паркираат на обезбеден паркинг простор кај Горна Порта.Досетливите станоиздаватели , но и жителите на стариот дел на Охрид ,своите електронски акртички за влез-излез во стариот дел на Охрид , ги давале на туристите, така во стариот дел на градот во тесните улички , буквално беа претворени во паркинг места , со што во голема мера се загрозуваше безбедноста во овој дел на Охрид .Низ тесните улички од паркираноте возила , воопшто не можеше да пристапи ниту брзата помош,а за против пожарно возило , пристапот беше невозможна мисија!!!??

Сопствениците на куќи во стариот дел на Охрид , кој живеат во Скопје и други градови , буквално ги окупираа сокачината во страиод дел на Охрид,доколку добиле една картичка , со истата внеле уште 10 возила од свои блиски пријатели , и ако не се регистрирале како станоиздаватели ,обавувале таква дејност!!

ПАРКИНГ 100,оо ДЕНАРИ ПО ЧАС ,ЗА ДА СЕ ИЗБЕГНЕ ХАОСОТ ВО СТАРИОТ ДЕЛ НА ОХРИД.

Од како се увидоа сите пропусти, како и свесно поигрување со електронските картички ,кој ги добија за нивни потреби ,како жители на Стар Град, Општина Охрид ,размислува овој горчлив пороблем да го реши ,на исти принцип како што е решено паркирањето кај центарот на Охрид.Така ,стариот дел на Охрид ,ќе биде претворен во ВИП паркинг зона ,каде за време на туристичката сезона ќе се наплатува електронски паркинг простор по цена од 100,оо денари за час , додека вон сезона ќе се наплатува паркинг по цена од 60,оо денари за еден час.Сите оние кој немаат дозволен пристап-електронски картички за слободен влез-излез , ќе мораат да плтат паркинг по новата тарифа.Од мај месец 2020 година ,во стариот дел на Охрид ќе функционираат и две возила на електричен погон ,кој ќе служат за превоз на патници низ стариот дел на Охрид,со што на овој начин значитлно ќе се растерети сообраќајот во стариот дел на Охрид.Едноставно, секаде во светот гардовите под тврдини имаат оганичен пристап на возила ,така ќе биде и во Охрид,а гостите за визита ,ќе си платат паркинг како визитари.

С.Денесовски

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink
Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.