ЗНМ-Ќе се формира регистар на професионални он лајн медиуми

СТАРИОТ ДЕЛ НА ОХРИД ЌЕ СЕ ПРОГЛАСИ ВИП ПАРКИНГ ЗОНА, „ВИЗИТАРИТЕ“ ЌЕ СИ ПЛАТАТ ПАРКИНГ
August 26, 2019
Влада на РСМ: ТВ Алфа објави медиумска содржина во спротивност на Кодексот на новинарите и директно насочена против градењето добрососедски односи со соседна Србија и против традиционалното пријателство меѓу народите на
August 26, 2019

ЗНМ-Ќе се формира регистар на професионални он лајн медиуми

20150330 Monday 1015 ZNM zdruzenie na novinarite na makedonija

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Формирање регистар на професионални он лајн медиуми со кој ќе ѝ се посочи на јавноста кои медиуми ги исполнуваат критериумите да бидат медиуми, но и кои се тие кои се придржуваат до новинарскиот кодекс при своето работење и имаат транспарентно сопствеништво и импресум, најавија денеска од Здружението на новинарите на Македонија, Стопанската комора и Советот за етика во медиумите кои потпишаа Меморандум за соработка.

Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Младен Чадиковски, рече дека со потпишувањето на Меморандумот за соработка почнува процесот на препознавање на професионалните медиуми и таканаречените медиуми од јавноста, кои имаат за цел да шират невистини и да дезинформираат.

– Борбата со дезинформациите и неквалитетното новинарство мора да почне од нас, бидејќи доколку не го направиме тоа може да дојде до регулација на онлајн медиумите, а тоа претставува и ризик за ограничување на правото на слобода на изразување. Ваквиот вид евидентирање ќе ѝ помогне и на бизнис заедницата за да знае во кои медиуми треба да се рекламира и огласува бидејќи и тие сакаат да го помогнат, а и имаат општествена одговорност за да го поддржат постоењето на квалитетните медиуми – посочи Чадиковски.

Тој појасни дека процесот на изработка на критериумите за регистарот на онлајн медиуми ќе биде инклузивен, а преку одржување консултативни средби со новинари и претставници на бизнис заедницата во Скопје, но и во поголемите градови во државата каде ЗНМ има регионални центри ќе се дојде до најквалитетните решенија.

– Во периодот кој следи сите наши членови и медиуми навремено ќе бидат информирани околу активностите што ќе бидат преземени, а исто така ќе бидат поканети активно да дадат свој придонес со цел зајакнување на медиумската саморегулација пред сѐ во сферата на онлајн медиумите – додаде Чадиковски.

Потпретседателката на Стопанската комора на Македонија, Јелисавета Георгиева Јовевска, рече дека се надеваат дека регистарот на он лајн медиуми ќе биде основа за воспоставување на соработката бидејќи на тој начин платформата на пренесување на проблемите на компаниите би била унифицирана, односно застапена како единствен проблем во моментот кој го има компанијата или одредена фела.

Претседателката на Управниот одбор на Советот за етика во медиумите, Катерина Синадиновска, рече дека дел од нивната мисија се однесува и на намалување на тужби кон новинари, следејќи ги препораките од Стразбур и европските добри практики.

– Нашата статистика од минатата година покажува дека во 77,7 проценти од случаите кога сме имале претставки до нас тоа се однесувало на текстови кои се надвор од професионалните стандарди токму во интернет порталите. Тоа не изненадува. Тој начин на информирање, тој начин на новинарство, што не можам ни да го наречам новинарство прави огромна штета на повеќе нивоа и ја урива и така кревката доверба на граѓаните и јавноста во медиумите, креира една недолична и примитивна атмосфера на јавен дискурс каде граѓанинот го губи своето основно право да биде информиран. Ваквото пишување се става во заштита на разни бизниси или политички центри на моќ и ја уништува онаа примарна цел на новинарството а тоа е да биде слуга исклучуво на јавниот интерес – рече Синадиновска.

таа додаде дека планираат да спроведат зајакнување на Советот за етика во медиумите како тело чии членки ќе бидат препознаени како професионални во јавноста, бизнис заедницата и во новинарската фела.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink
Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.