Влада на РСМ: ТВ Алфа објави медиумска содржина во спротивност на Кодексот на новинарите и директно насочена против градењето добрососедски односи со соседна Србија и против традиционалното пријателство меѓу народите на

ЗНМ-Ќе се формира регистар на професионални он лајн медиуми
August 26, 2019
Марко се избори со природата , ја доби својата животна битка , ја доби битката посветена на сите оние лица со Ретки Болести
August 28, 2019

Влада на РСМ: ТВ Алфа објави медиумска содржина во спротивност на Кодексот на новинарите и директно насочена против градењето добрососедски односи со соседна Србија и против традиционалното пријателство меѓу народите на

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Владата на Република Северна Македонија ја оценува како сериозно наштетување на професионалните медиумски стандарди и како нарушување на угледот на новинарската професија постапката на ТВ Алфа која во отворена контактна програма поставува прашање „Зошто владата на Заев се однесува „педерски“ кон Србија?“ со што директно се повредени членовите 10 и 11 од Кодексот на новинарите кои наложуваат дека „Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…) и дека новинарот ќе се придржува и на општо прифатените општествени стандарди на пристојност и почитување на етничките, културните и религиозните различности.”

Владата смета дека за жал ваквата програмска содржина е директно насочена против градењето добрососедски односи со соседна Србија и против традиционалното пријателство меѓу народите на двете земји.

Во исто време, Владата очекува јавна реакција од новинарските здруженија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за ваквата постапка на ТВ Алфа, како чин спротивен на утврдените професионални и етички стандарди и принципите што произлегуваат од Кодексот на новинарите.

Во Република Северна Македонија значајно се подобрени условите за медиумско информирање при што констатиран е напредок во слободата на медиумите според светските ранг листи.

Но, во исто време, сведоци сме на многу дезинформации, лажни вести и злонамерна пропаганда, за кои се надеваме дека саморегулаторните тела на професијата ќе реагираат соодветно.

За Владата на Република Северна Македонија слободата на говор е основна вредност на демократијата. Медиумите се четвртата власт што треба да работи во интерес на граѓаните, да ги контролира извршната власт, судството и законодавната власт, и да ги изложува политичарите пред судот на јавност.

Истовремено, медиумите имаат и голема одговорност да известуваат објективно и професионално. Неодговорните медиуми штетат на демократијата, а граѓаните тоа порано или подоцна го препознаваат.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink
Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.