Амзоски: На Боки 13 не му плативме 261.853 евра

Орце Камчев со поздрав, Пенисот има еден крај , стапот два краја , додека муабетите немаат крај!
August 13, 2019
Се приведува Катица Јанева
August 21, 2019

Амзоски: На Боки 13 не му плативме 261.853 евра

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Адријан Амзоски и фирмата „Дрим Билдинг“ од Струга демантира дека на Бојан Јовановски – Боки 13 му платил 261.853 евра за да специјалната обвинителка Катица Јанева му го повлече обвинението, соопшти Амзоски.

– Најостро ги отфрламе шпекулациите дека Адријан Амзоски му платил 261.853 евра на Боки 13 за К.јанева да му го повлече обвинението. Овие шпекулации се појавија во медиумите, по барање за изземање на Катица Јанева, поднесено од поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, во кривичната постапка каде тој е еден од обвинетите за незаконско рушење на објектот Космос, се вели во соопштението.

Од таму додаваат дека фирмата „Дрим Билдинг“ која е во сопственост На татакото на Адријан, Селадин Амзоски и на Ресул Лога, склучила договор за стратешко партнерство и деловна соработка со Меѓународниот сојуз на 28.12.2017 г.

– „Дрим билдинг“ ги исполни во целост своите обврски од договорот, а за жал Меѓународниот сојуз и Јасна  Мандиќ не го испочитувале договорот. Бидејќи Меѓународен сојуз и Јасна Мандиќ одбија да ги вратат парите кои им беа платени, Дрим Билдинг поднесе тужба пред Основниот суд Скопје. Ги повикуваме Тони Трајковски и одредени медиуми и партии да не шпекулираат со овој немил настан, во спротивно ќе тужиме, стои во соопштениетo.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink
Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.