Обвинителката Јосифоска: Ми донесоа да потпишам веќе изготвено мислење за пасошот на Камчев

НЕУСПЕШ ОБИД ЗА СНИМАЊЕ НА НОВ СЕРИЈАЛ „КУМ“ ВО РЕЖИЈА НА ВМРО ДПМНЕ!
August 10, 2019
Орце Камчев со поздрав, Пенисот има еден крај , стапот два краја , додека муабетите немаат крај!
August 13, 2019

Обвинителката Јосифоска: Ми донесоа да потпишам веќе изготвено мислење за пасошот на Камчев

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Обвинителката Елизабета Јосифоска денеска имаше интервју во емисијата „Стадион“ на Канал 77, каде зборуваше за актуелните случувања со СЈО и со „Рекет“.

Таа е заменичка на Катица Јанева заедно со Ленче Ристоска, и токму таа го потпишала мислењето за издавање на пасош на осомничениот во „Империја“, Орце Камчев. Тоа ѝ било дадено веќе изготвено и таа, нагласува, согласно законот за СЈО, не можела да потпише ништо друго спротивно на тоа што го бара Катица Јанева.

– Во однос на мислењето за издавањето на времена патната исправа на Јордан Камчев, да, јас го потпишав тоа мислење бидејќи специјалната јавна обвинителка беше отсутна. Нормално, согласно внатрешно поставените процедури знаев дека таа е информирана бидејќи тоа мислење беше донесено кај мене веќе изготвено по нејзин налог и го потпишав тоа – вели Јосифоска.

Таа вели дека Лиле Стефанова, која го водела предметот се противела на тоа, но заклучиле дека не можат да ѝ се спротивстават на шефицата.

– Вообичаено во вакви ситуации, јас сум контактирала со обвинителите кои ги водат ваквите предмети. Во овој случај исконтактирав со колешката Стефанова, заклучив дека таа не е информирана. Го дознав нејзиниот став дека не се согласува да му издаде времена патна исправа на Камчев. Потоа повторно се информирав согласно внатрешните процедури. Тоа беше став и одлука на специјалната обвинителка и во таков случај се согласив со колешката дека не е можно да се постапи поинаку освен да се потпише тоа мислење, кое ќе повторам, е мислење на специјалниот јавен обвинител. Јас во тој момент немав никакво сознание, никакво сомневање, впрочем го немам ни во моментов, дека во позадината на таквото постапување постои нешто криминално. Така да не сум имала причина да се сомневам во причините за донесување на таквото мислење – вели Јосифоска.

Последен пат со нејзината шефица Јанева, рече се видела кога се вратила од боледување, но тогаш не разговарале за случајот „Рекет“.

Заменичката на специјалната обвинителка зборуваше и за снимките кои се објавуваат на „Ла Верита“.

– Јас не знам чие се име ќе биде спомнато во тие некои наредни  снимки што се најавуваат, но треба да се утврди изворот од надлежниот обвинител кој треба да даде одговор и кој сè си зел за право да споменува одредени имиња – вели Јосифоска во интервјуто.

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.