СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ДОНЕСЕ ОДЛУКА ВРЕМЕН МОРАТОРИУМ ЗА ГРАДБА ВО ОХРИД

Италијански весник објави видео како Боки 13 и Кичеец земаат пари од Камчев (ВИДЕО)
August 8, 2019
Лиле Стефанова за ТВ24: Згрозена сум од снимката, ќе соработувам со истрагата
August 8, 2019

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ДОНЕСЕ ОДЛУКА ВРЕМЕН МОРАТОРИУМ ЗА ГРАДБА ВО ОХРИД

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Советот на Град Охрид денеска едногласно ја усвои Одлуката за времен прекин на донесување и спроведување на урбанистички планови, со што Совет на општина Охрид , постапи по Заклучоците од 146-та седница на Владата за прогласување мораториум на градежните активности.Општина Охрид ја почитува и прифаќа реафирмацијата на определбата на македонската Влада да се зачува статусот светско наследство на УНЕСКО на природното и културно наследство на Охридскиот регион. Се воведува времен прекин на спроведување и донесување урбанистички планови, урбанистичко плански документации и архитектонско-урбанистички проекти на територијата на Општина Охрид. Времено се прекинуваат сите нови постапки за предмети кои се однесуваат за издавање на одобрение за градење, одобрение за надградба и одобрение за доградба по стапување на сила на одлуката. Сите постапки со добиено одобрение за градење можат да продолжат со реализација, стои во Предлог-Одлуката,која денес ја усвои Советот на Општина Охрид.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink
Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.