Костадинов: Ова е смислено сценарио, а Мицкоски да каже во какви зделки е со луѓето од снимката

Eксклузивно: Постанал ли Орце Камчев сопственик на една национална телевизија и еден пишан неделник во РСМ???
August 8, 2019
Дали доктор Чадиковски навлегол во политика, од знаење или преголемо незнаење??
August 9, 2019

Костадинов: Ова е смислено сценарио, а Мицкоски да каже во какви зделки е со луѓето од снимката

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Бараме истрагата да се забрза од надлежните институции кои мора да дадат целосни одговори за сите актери кои учествувале во против правни дејствија, како и да даде одговори за поттикнувачите, организаторите и осмислувачите во овој случај. Особено да даде аргументирани одговори за тоа кој сѐ е вклучен во овој криминал и од кои сѐ предмети што се истражуваат кој прави напори да се спаси, реагираат од СДСМ откако денеска италијанскиот весник „Ла Верита“ објави снимка за тоа како Боки 13 и Зоки Кичеец излегуваат со торба од домот на Орце Камчев.

– Никој не е заштитен и никој не е и нема да биде поштеден во Република Северна Македонија. Јавноста има право да ја знае вистината. Сѐ што се случува вклучувајќи ја и денешната објавување на снимка е дел од однапред подготвено сценарио. Сите мрачни сили се впрегнати во поништување на правната држава и загрозување на евроатланските интеграции на Република Северна Македонија. Убедени сме дека на крајот вистината ќе излезе на виделина. Ќе пропаднат очајничките обиди на саботажа на истрагата или за нечив спас од истата – рече Костадинов.

Тој вели оти се уверени дека овие подземни обиди само ќе ја забрзаат истрагата и ќе ја интевизираат, и ќе ги извадат на површина сите актери и учесници во случајот „Рекет“.

– Христијан Мицкоски, дублерот на Груевски и на фамилијата, кој со недели се обидува да инкриминира функционери од СДСМ, многу јасно и гласно го прашуваме: Дали погрешниот таргет на опозицијата е обид да ги прикрие сопствените траги? Со кои двајца од луѓето кои се гледаат на снимките тој лично разговарал? Кога се случиле ваквите разговори? Во какви зделки е доколку разговарал со луѓето кои се гледаат на снимките? Дали и што примил на рака? Кој ги лиферувал снимките во италијанскиот медиум? Го потсетуваме Христијан Мицкоски и ДПМНЕ на зборовите на нивниот шеф: вистината е како шило, кога тогаш, ќе излезе на виделина – рече Костадинов.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink
Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.