Дали д-р Чадиковски е детски кардиохирург, а должен е да каже каде и дали завршил субспецијализација за детска кардиохирургија?!

Дали д-р Чадиковски е детски кардиохирург, а должен е да каже каде и дали завршил субспецијализација за детска кардиохирургија?!
August 8, 2019
Италијански весник објави видео како Боки 13 и Кичеец земаат пари од Камчев (ВИДЕО)
August 8, 2019

Дали д-р Чадиковски е детски кардиохирург, а должен е да каже каде и дали завршил субспецијализација за детска кардиохирургија?!

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Деновиве во македонската јавност секојдневно е бомбардирана од оставката, поточно напуштањето на клиниката „Жан Митрев“ на кардиологот Владимир Чадиковски! Претпоставки за оставката има милион, а причина само едно, која некој, дали Чадиковски можеби, и некој друг сака да ја сокрие?

Почетокот на кардиохирургијата , поточно проектот на Детска кардиохирургија се развива во Клинички центар „Мајка Тереза“ Скопје, скоро 15 години, која во Клинички Центар „Мајка Тереза“- оддел Кардиологогија отпочна да се развива идејата за државна кардиохирургија, која во склопот на таквиот проект имаше предвидено и проект детска кардиохирургија.

ШТО САКА ДА СОКРИЕ ВЛАДИМИР ЧАДИКОВСКИ??

Неспорен е фактот дека во детската клиника за кардиохирургија во коплексот клиники „Мајка Тереза“ во изминатиот период поминале над 200 врвни светски имиња од областа на светската кардиохирургија, кои изведувале сложени операции, а и деца со вродени срцеви маани, а на кој сложени операции докторот Владимир Чадиковски во поголем дел бил посматрач со неговиот тим од детската кардиохирургија во Скопје, а во дел се јавува само како асистент на операции кои ги правеле врвни имиња од областа на кардиохирургијата од Англија, а кои имиња биле ангажирани од Министерството за здравство да обучуваат кадри – доктори од македонскиот здравствен систем, а кои кадри подоцна требало да одат на субспецијализација во Англија во Одделот на детско кардиохирургија, нешто што ниту еден доктор кај нас досега нема извршена таква субспецијализација.

ВЛАДИМИР ЧАДИКОВСКИ ГОВОРИ ДЕКА ИМА ЛИЦЕНЦА, НО НИКОГАШ НЕ КАЖУВА КАДЕ СЕ УСОВРШИЛ ЗА ДЕТСКИ КАРДИОХИРУРГ?!

Детската кардиохирургија е сложена гранка, или што би се рекло е една од најтешките гранки во медицината. Поголем дел на интервенции кои Чадиковски ги правеше во детската кардиохирургија на Клиниката за детска хирургија во Скопје, лекарите добро знаат дека така наречени прости операции кои ги изведувал Чадиковски, истите можел да ги направи и обичен хирург. Додека во делот на покоплексни операции на срце кај деца, истите секогаш биле препраќани на лекување во странство, поточно тимот на Чадиковски во најголем број на случаеви давал конзиларно мислење во ФЗОМ, да замине на лекување во странство на странски приватни клиники, кои трошоци ги покрива ФЗОМ. Од изнесеното, а доколку се знае фактот дека во Детската кардиохирургија постојат над 180 дијагнози, во кои дел голем број од нив се лекуваат и кај нас, кога станува збор за рутински операции, додека сите во коплексен број биле препраќани на лекување во странство, од кои поголе број се препраќани во Р. Србија во универзитеската клиника „Тришова“ во Белград.

КАКВА ЛИЦЕНЦА ПОСЕДУВА ВЛАДИМИР ЧАДИКОВСКИ?!

Во образованието и надоградбата на медицинскиот тим од сега поранешниот оддел за детска кардиологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“, државата РСМ, поточно Министерството за здравство досега вложило над 20 милиони евра сите врвни кардиолози во светот кои продефилираа низ детската кардохирургија за да го обучуваат Чадиковски и неговиот тим се платени од Министерството за здравство.

Чадиковски во македонската јавност се прикажува како единствен специјализиран детски кардиохирург, но она што е спорно и што фрла сомнеж е тоа што се знае дека Чадиковски за да премине на фаза во лиценциран детски кардиохирург, морал минимум 4 години перманентно секојдневно да имал субспецијализација во еминентна детска кардиохирургија во земјите во светот каде што оваа гранка – детска кардиохирургија е развиена?!

Во биографијата на д-р Владимир Чадиковски никаде не сретнавме дека доктор Чадиковски завршил субспецијализација на некоја еминентна клиника за детска кардио хирургија ако има завршено субспецијализација би било коректно истата јавно да ја покаже на јавноста?! Од друга страна доколку се повикуваме на еминентните имиња од областа на кардиохирургијата кои биле во посета на детската кардиохиругија во Скопје и, кои на тимот на детската кардиохирургија протоколарно им издавале сертификати, лиценци итн. Тогаш тука не може да стане збор за субспецијализации, поточно тоа е исто како останите гранки кога ќе сте посетител на некој курс и за истиот ќе добиете сертификат дека сте учествувале и завршиле одреден курс, во областа која сте ја посетиле?!

ШТО СЕ КРИЕ ЗАД ЗАМИНУВАЊЕТО НА ЧАДИКОВСКИ ОД КЛИНИКАТА „ЖАН МИТРЕВ“?!

Заминувањето на д-р Владимир Чадиковски со неговиот тим од детската кардиохирургија од приватната клиника „Жан Митрев“ во Скопје фрла многу непознаници за ваквата одлука на Чадиковски. Неспорен е фактот дека клиниката „Жан Митрев“ е сериозна здравствена установа, во која оперираат врвни светски имиња од областа на кардиохирургијата . Исто така јасно е дека стандардите во приватната клиника „Жан Митрев“, како во секоја приватна клиника се на високо ниво, и никогаш нема да си дозволат приватните клиники да експериментираат со пациентите, а уште помалку да експериментираат со услугите што ги даваат на пациентите. РСМ премногу инвестирале во осовршувањето на д-р Чадиковски и неговиот тим, за тие за личен интерес и лична суета да го напуштат проектот детска кардиохирургија и да заминат во некои други приватни клиники. Дали фактот дека во Клиниката „Жан Митрев“ оперираат врвни детски кардиохирурзи во светот, кај кои нема импровизации во делот на посложени операции на срце кај дете, створило кај Чадиковски одредена суета, не знаеме. Но факт дека д-р Чадиковски има за себе многу нејаснотии, кои сака да ги видиме, еден ден за нив ќе мора да проговори пред македонската јавност, онака лиценцирани?!

Сашо Денесовски -лично

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink
Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.