Мицкоски го предложи суспендираниот судија Владимир Панчевски за наследник на Катица Јанева

Заев објави војна против лажните вести и дезинформациите
July 24, 2019
(ГАЛЕРИЈА) КОЈ Е ДИМЧЕ ГРУНЕЦ, КОЈ ГО ЛАЖЕЛ БИЗНИСМЕНОТ ЗОРАН АЗМАНОВ??
July 24, 2019

Мицкоски го предложи суспендираниот судија Владимир Панчевски за наследник на Катица Јанева

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

ВМРО-ДПМНЕ го предлага судијата Владимир Панчевски за наследник на Катица Јанева, рече лидерот на партијата Христијан Мицкоски попладнево во интервју за ТВ Сител.

– Нашите забелешки за предлог законот на јавното обвинителство се принципиелни, прво човечкиот ресурс со кој располага СЈО е дискутабилен. Целиот тим гледаме дека е целосно контаминиран од случајот „Рекет“. Тие мора да си се вратат во обвинителствата од каде што биле преземени – рече Мицкоски.

Тој наброја дека во СЈО биле вработени внукот на Јанева, идната снаа на Јанева, двајца братучеди на обвинителот Гаврил Бубевски, синот и внуката на една од обвинителките, ќерката на разрешениот директор на МЕПСО, Сашо Василевски…

– Сите овие договорци да бидат преземени? Останува прашањето кого поддржуваме ние? Луѓе кои биле соучесници во рекет? Истрагата ќе покаже кој сѐ од овие лица е инкриминиран. Тоа е како ние да го предложиме Владимир Панчевски. Зошто да не го избереме Владимир Панчевски? Зошто да не биде тоа решение? – рече Мицкоски.

Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Панчевски моментално е суспендиран од работа поради злоупотреби на АКМИС системот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink
Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.