Заев објави војна против лажните вести и дезинформациите

Се менува Законот за здравство, ќе патуваат специјалистите наместо пациентите
July 24, 2019
Мицкоски го предложи суспендираниот судија Владимир Панчевски за наследник на Катица Јанева
July 24, 2019

Заев објави војна против лажните вести и дезинформациите

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Премиерот Зоран Заев денеска објави предлог Акциски план за борба против дезинформациите и лажните вести, но не одговори на новинарското прашање колку ќе чини тоа.

За да се спречи дезинформирање на граѓаните преку социјалните мрежи и традиционалните медиуми, ќе се грижи тим предводен од министерот Роберт Поповски и од Марјан Забрчанец.

На својата веб страница, како една од предожените мерки Владата ќе објавува одговори на прашања од новинарите и од граѓаните за да се спречи извртување на нејзините ставови – рече премиерот Заев додавајќи дека дезинформациите се еден од главните предизвици на демократијата и алатка за манипулација на граѓаните.

Тој предупреди дека злоупотребата на технологија стана сериозен упад во демократските процеси и сериозно се заканува да влијае на довербата на граѓаните во институциите.

– Република Северна Македонија во изминатите две години се соочи со масовно ширење дезинформации, а дел беа споделени и од територии на други држави – рече Заев кој потсети и на аферата со лажните вести во која беа вкучени граѓани од Велес за време на претседателската трка во САД.

Целта на изработката на акцискиот план, како што објасни, е да се зајакне националната безбедност и сигурност, а за планот ќе се консултираат и со граѓанскиот сектор и со медиумите.

Тој информираше дека акцискиот план има две компоненти, безбедносни и проактивни мерки, а ќе се формира акциска група за борба против дезинформации која ќе анализира и ќе ги следи нападите.

 

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.