Пендаровски: „Рекет“ да се реши брзо и до крај, да не се остави ни најмал сомнеж

Јовески: Парите во „Рекет“ се давани во кеш во два наврата, знаеме од кои сметки се
July 22, 2019
Пајат: Поддршка за Северна Македонија да стане силна и ефективна членка на НАТО
July 22, 2019

Пендаровски: „Рекет“ да се реши брзо и до крај, да не се остави ни најмал сомнеж

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Претседателот Стево Пендаровски денеска побара од надлежните што е можно побрзо да го решат случајот „Рекет“ и да не се остави ни најмал простор за сомнеж.

– Последниве денови сме сведоци на една крупна афера која има многу шпекулации, која очигледно оди низ многу слоеви на нашето општество, и економски, и криминални, и политички, за жал. И јас од оваа позиција не гледам политички притисок ако кажам дека инсистирам државните органи во таа така наречена ситуација или случај „Рекет“ да ја истераат работата што е можно побрзо, до крај. Навистина до крај за да не се остави ни најмал простор за сомнеж, дека некој некого штити  или дека повторно се рециклираат некои лоши практики од минатото, кога одредени политички фактори штитеа бизниси, односно беа заштита за криминалните бизниси и на тој начин знаеме до кое дереџе дојдовме – истакна Пендаровски, кој денеска беше во посета на Стопнаската комора на Македонија (ССК).

Тој потсети дека ЕК во својот Извештај од 2017 година не дефинираше како заробена држава, најмногу заради политичка поларизација, но и заради тоа, како што наведе, „што во бизнисот се знаеше кој може да го прави и кој смее воопшто да влезе на тоа поле“.

 

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.