Пајат: Поддршка за Северна Македонија да стане силна и ефективна членка на НАТО

Пендаровски: „Рекет“ да се реши брзо и до крај, да не се остави ни најмал сомнеж
July 22, 2019
ЕЗЕРСКАТА ВОДА НА КРАЈБРЕЖЈЕТО КАЈ ГРАШНИЦА Е ИСПРАВНА ЗА КАПЕЊЕ
July 22, 2019

Пајат: Поддршка за Северна Македонија да стане силна и ефективна членка на НАТО

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Фокусот на САД е да ја поддржиме Северна Македонија да стане моќна и ефективна членка на НАТО, вели американскиот амбасадор во Грција, Џефри Пајат во интервјуто за грчкиот весник „Катимерини“.

Во однос на тоа какви знаци добива од новата грчка влада во однос на Договорот од Преспа, вели дека „за Преспа, ќе ја остави грчката влада сама да каже“, јави дописничката на МИА од Атина.

– За мене, важно е дека 27 години прашањето за името беше извор на нервоза меѓу американските дипломати и нивните грчки колеги, сега веќе не постои проблем во грчко- американските односи. Сконцентрирани сме на поддршката на членството на Северна Македонија во НАТО. Таму ќе бидеме фокусирани на есен и во нашата соработка со Конгресот. Грција, секако беше првата земја што го ратификуваше протоколот за членство на Северна Македонија, што значи го затворивте прашањето – вели Пајат во интервјуто.

Американскиот амбасадор додава дека тие ја поддржуваат улогата на Грција во Северна Македонија, а како пример го дава надгледувањето на воздушниот простор од грчки воени авиони и ги споменува можностите за билатерална соработка.

– Гледам големи можности за грчките бизниси во Северна Македонија. Но, како што реков, ќе и оставам на владата да говори за политиката во односите со Северна Македонија. Нашиот фокус како влада, како САД, е дека сега ќе ја поддржиме оваа земја да стане моќна и ефективна членка на НАТО – истакнува американскиот амбасадор во Атина.

Во интервјуто за „Катимерини“, Пајат ја споменува и новата американска амбасадорка во Скопје, Кејт Бернс, за која на Димитров при неодамнешното нивна средба на конференцијата на „Економист“ во Атина му рекол дека е една од најдобрите во американската дипломатија.

– Многу сум горд за фактот дека поранешната вршителка на должност во Атина, Кејт Бернс сега е амбасадорка во Скопје. Му реков на министерот за надворешни работи на Северна Македонија, кога беше на конференцијата на „Економист“ дека им испративме една од најдобрите во американската дипломатија – вели Пајат, пренесе МИА.

 

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.