Хан на 25 јули во Скопје ќе се сретне со Заев, Пендаровски и со Мицкоски

Наместо лидерска, Заев на прес-конференција (ВО ЖИВО)
July 19, 2019
АГЕНТИТЕ НА УБК-ПЕТРУШЕВСКИ И ГОЦЕВ , ПАДНАА ВО НОВАТА АКЦИЈА НА МВР ЗА СУЗБИВАЊЕ НА ТРГОВИЈА СО НАРКОТИЦИ
July 20, 2019

Хан на 25 јули во Скопје ќе се сретне со Заев, Пендаровски и со Мицкоски

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.
Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на 25 јули ќе допатува во Скопје и ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, претседателот Стево Пендаровски и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потврдија од Европската комисија за МИА.

Агендата на посетата сѐ уште не е позната, но засега потврдени се овие три средби на кои ќе се разговара за реформите поврзани со ЕУ и ЕУ перспективата на земјата, велат од ЕК.

Хан од Скопје истиот ден ќе замине за Белград каде треба да се сретне со претседателот и со премиерот. На агендата во Србија се ЕУ реформите и регионалните прашања, соопштија од Европската комисија.

ФОТО: EPA/OLIVIER HOSLET

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink
Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.