Русковска: Заев прв нѐ извести за „рекет“ и праша дали да поднесе кривична
July 18, 2019
Опасен по здравјето секој втор ресторан, сендвичара, слаткарница во Дојран, Охрид и Струга
July 18, 2019

Катица е на боледување

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Шефицата на Специјалното јавно обвинителство во оставка, Катица Јанева е на боледување, и официјално потврдија од СЈО. Таа боледувањето го отворила ден по поднесувањето оставка од функцијата, односно на 16 јули.

Плусинфо веќе објави дека денеска ќе биде познато дали Јанева ќе оди на боледување или ќе го искористи годишниот одмор.

Од СЈО не откриваат од што е болна Јанева и врз основа на каква документација го отворила боледувањето.

Специјалната јавна обвинителка во понеделникот на јавноста и соопшти дека поднесува оставка, но формално таа останува на чело на институцијата додека не биде избран нејзин наследник.

Јанева веќе трет ден не се појавува на работа, а нејзина замена се обвинителките, Ленче Ристоска и Елизабета Јосифовска.

 

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.