Села ќе оди на лидерската што ја свика Заев

Јовески поддржува ветинг: Во судството и во обвинителството треба да останат чесните
July 15, 2019
Лидерската средба за Мицкоски е само алиби и театар
July 16, 2019

Села ќе оди на лидерската што ја свика Заев

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села ја прифати поканата на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев да учествува на лидерска средба во петок.

Од Кабинетот на Села наведуваат дека ќе учествуваат на средбата и оти ќе презентираат свои предлози и идеи за прашањата за кои ќе се дискутира.

– Добро е што премиерот почнал да ја чувствува вистинската сила на Алијансата за Албанците. Отсекогаш сме мислеле дека вакви лидерски средби треба почесто да се свикуваат кога станува збор за чувствителни државни прашања. Ќе ја прифатиме поканата и сигурно ќе учествуваме во неа со наши предлози и идеи за прашањата за кои ќе се дискутира, стои во информацијата испратена од Кабинетот на Села.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink
Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.