Обвинителство: Боки 13 и Кичеец барале 8 милони евра за да помогнат на осомничен, се бара притвор

Анѓушев: Половина од патот Кичево-Охрид готов за неполна година
July 14, 2019
Јовески поддржува ветинг: Во судството и во обвинителството треба да останат чесните
July 15, 2019

Обвинителство: Боки 13 и Кичеец барале 8 милони евра за да помогнат на осомничен, се бара притвор

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

По информацијата дека се уапсени Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милески познат како Кичеец, републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески и шефицата на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска, излегоа на прес конференција за отворена истрага за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари.

Осомничени се две лица, тие не соопштија ниту иницијали, но во јавноста одекна дека станува збор за Боки 13 и за Зоки Кичеец.

Двајцата убедувале осомничено лице во истрага, дека се поврзани со јавниот обвинител кој ја води истрагата, дека можат да ја олеснат постапката.

Првично за тоа барале награда од 8 милиони евра, но подоцна сумата била спуштена на 5 милиони евра, од кои примиле 1,5 лилиони евра. Остатокот договориле да се исплаќа на рати во период од четири месеци. Првоосомничениот, кој се товари и за перење пар, парите ги пуштал во промет како легитимно стекнати и со нив купувал разни предмети, облека …

Јавниот обвинител засега не е сослушан, но во случај и тој да се најде под сомнение, тој не може да се повикува на имунитет.

За двајцата осомничени, обвинителството бара притвор, а прдистрагата против нив е отворена по поднесена кривична пријава на 2 мај.

На новинарско прашање дали овој случај може да се поврзе со приказните кој ги објавуваше новинарот Бранко Героски, и Рускоска и Јовески посочија дека денеска отвориле истрага токму за да се утврди кој се е оштетен и инволвиран и ги повикаа и охрабрија сите кои имаат информации или се оштетени да пријават.

На прашање дали евентуално се инволвирани и фирми и дали се бара замрзнување на имот, обвинителите одговорија дека засега не е опфатена ниту една фирма и дека на име на првоосомничениот не пронајден имот.

Јовески и Рускоска не соопштија од кое обвинителство е обвинителот, но според наши информации станува збор за обвинител од Специјалното јавно обвинителство.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink
Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.