Српски парламентарец тврди: Вучиќ го шпионира разузнавачка група сместена во авто-салон во Скопје

ПРЕКРАСНА ИЗВЕДБА НА ВАНЕСА МЕЈ, ПУБИЛКА „ШАБАНАРИЈА“ НА АЦА ЛУКАС?!
July 13, 2019
Ел Чека ги кани Села и Касами на протестот на 26 јули
July 13, 2019

Српски парламентарец тврди: Вучиќ го шпионира разузнавачка група сместена во авто-салон во Скопје

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Претседателот на српскиот парламентарен одбор за Косово и Метохија, Милован Дрецун тврди дека силен разузнавачки тим формиран пред два месеца работи на блокирање на компромисно решение меѓу Белград и Приштина. Според него, тимот го сочинуваат разузнавачи од Бугарија, Албанија, Македонија и Германијa, а е маскиран во авто-салон на еден голем западен произведувач на автомобили во Скопје.

– Се води јака кампања во некои соседни држави против постигнувањето било какво компромисно решение, Македонија станува центар за силно разузнавачко дејствување против интересите на Србија. Секое постигнување компромисно решение е темелен столб за стабилизација на овој регион, а непостигнување компромис меѓу Белград и Приштина е подготовка за нови судири во регионот и создавање „Голема Албанија“ – тврди Дрецун во интервју за српски „Курир“.

Тој смета дека нивната цел е да ѝ наштетат на Србија.

– Што можат тие да работат освен да собираат информации и да шират дезинформации. Тимот не е формиран да ги штити нашите интереси, туку да работи спротивно од нив. Тоа не е наивно, можат да изведат некоја медиумска или политичка диверзија, дури и да предизвикаат судир – вели тој.

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.