Американската амбасадорка Брнз пристигна во земјава

СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР СПАСИЈА ДВАЈЦА ПАРАГЛАДЕРИСТИ ВО ПЛАНИНСКИОТ МАСИВ ГАЛИЧИЦА
July 9, 2019
ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОХРИД ГЕОРГИЕСКИ ОКОЛУ УНЕСКО, УРБАНИОТ 30 ГОДИШЕН ХАОС ВО ОХРИД
July 9, 2019

Американската амбасадорка Брнз пристигна во земјава

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Новоименуваната амбасадорка на САД во земјава Кејт Брнз, денеска пристигна во земјава и го имаше нејзиниот прв работен ден во канцеларијата, објави американската Амбасада на официјалниот фејсбук профил.

– Амбасадорката Брнз оваа недела ќе му ги претстави своите препораки на претседателот Пендаровски, стои во објавата.

Брнз на нејзиниот прв ден во канцеларијата пристигнала со нејзиниот сопруг Лари Скот Гејџ, пензиониран полковник на Воената морнарица на САД.

Амбасадорката Брнз е дипломат од кариера. Таа на позицијава доаѓа од Атина каде од септември 2017 до мај 2019 година беше заменик шеф на мисијата на САД во Грција. Претходно беше постојан претставник на мисијата на САД во ОБСЕ во Виена.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink
Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.