Сведок од УБК до Јанкулоска: Не знаев како да дојдам и да ви кажам „еј знаеш, те слушаат”

Заев – Тимоние: Нашата држава очекува исчекор во евроинтеграциите во октомври
July 8, 2019
Охрид почна да плива по препораките од УНЕСКО, на ред сообраќајот во Стариот град
July 8, 2019

Сведок од УБК до Јанкулоска: Не знаев како да дојдам и да ви кажам „еј знаеш, те слушаат”

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, по Сашо Мијалков, на денешното рочиште за случајот Таргет-Тврдина го испрашуваше сведокот на СЈО, Сашо Трајковски кој е инженер во УБК.

– Во вашето сведочење рековте сте лоцирале незаконско следење на комуникации. Понатаму рековте дека не сте го пријавиле кај директорот на УБК и кажавте зошто. Исто, спомнавте дека меѓу нелегалните таргети сте го препознале и мојот број. Зошто не ме известите барем мене како министерка бидејќи рековте дека сум немала пристап до нелегалните следења? – праша Јанкулоска.

На тоа сведокот одговори дека не знаел како да дојде до неа и да и каже.

– Госпоѓо Јанкулоска, Вас не ве препознав по бројот и јас не ги знаев сопствениците на броевите. Не сум можел да препознаам таргет според бројот. Туку Вас ве препознав по содржина на СМС. Не дојдов зошто не знаев како да дојдам до вас и да ви кажам „еј знаеш ти го слушаат телефонот – одговори Трајковски.

Тој на исто прашање претходно на Мијалков му одговори дека не му пријавил бидејќи имало корисничко име во системот кое пристапувало до прислушуваните разговори од неговата канцеларија.

Поранешната министерка до овој сведок имаше триесетина прашања, најмногу од нив се однесуваа на ништењето на системите за следење на комуникации за што била формирана пописна комисија со која претседавал сведокот.

Тој одговарајќи на нејзините прашања рече дека не добиле никакво известување на забрана за ништење со оглед на тоа што во тој период, 2015 година, се водела судска постапка за набавката на еден од системите, како и предметот Пуч.

Јанкулоска исто така праша и дали тие добиле решенија да прават попис на конкретна опрема.

– Рековте дека сте добиле решение за комисија за ништење и бришење од евиденција на системи и техничка опрема од УБК од 2015. Дали се сложувате дека решението не се однесувало на конкретни системи и техничка опрема во УБК туку се барало самата комисија да направи попис и доколку смета дека постои техничка застареност да се пристапи кон бришење од евиденција и ништење? – праша Јанкулоска.

Тој одговори дека е точно, а во понатамошните негови одговори посочи дека тие не правеле попис на целата опрема во УБК, туку во одделот за оперативна техника. Пред другата зграда на УБК, рече дека виделе камион и тогаш им било кажано дека таму наводно имало друга комисија која правела попис.

Судењето започна во 10 часот утрово, се уште трае и се очекува денеска да заврши испрашувањето на овој сведок.

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.