СДСМ: Станува реалност проектот брана на река Отиња во Штип, вреден 7.5 милиони евра, Владата предводена од СДСМ ја поддржа реализацијата

Мицотакис ќе го почитува Договорот од Преспа, за да не си пука во нога!
July 7, 2019
Денес се празнува ИВАНДЕН раѓањето на Свети Јован Предвесник и Крстител Господов
July 7, 2019

СДСМ: Станува реалност проектот брана на река Отиња во Штип, вреден 7.5 милиони евра, Владата предводена од СДСМ ја поддржа реализацијата

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Зборот важи! Проектот брана на река Отиња, кој граѓаните на Штип го чекаа 35 години конечно станува реалност.

Како што најави премиерот Зоран Заев, Владата предводена од СДСМ ќе помогне во реализирање на овој капителн проект, вреден 7.5 милиони евра.

Станува збор за изградбата на брана со вештачко езеро, со корисен волумен од 3 милиони метри кубни вода.

За граѓаните на Штип ова значи реализација на уште еден важен проект, кој отвора нови можности за развој на градот и околината, особено во делот на туризмот, угостителството, спортот и рекреацијата а дополнително ќе штити од поплави.

Ова е нов проект кој централната и локалната власт предводени од СДСМ заедно го реализираат на територијата на општина Штип.

Меѓу проектите коишто заеднички се спроведуваат во интерес на граѓаните во изминатите 2 години се и: новата детска градинка во населбата Сењак, обновата на училиштето „Тошо Арсов“, изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш, Штип-Кочани, на локалниот пат кон Кошево и Почивало, автопатот Миладиновци – Штип и многу други проекти, стои во соопштението.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink
Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.