СДСМ: За 11 години ВМРО-ДПМНЕ направи 7 км автопат а остави хаос и нерешени проблеми, провизиите и криминалните интереси беа единствен интерес

ОБНОВЕНО Полицајка се фрли во Вардар за да фати крадец ВИДЕО
July 6, 2019
М-НАВ во одбрана на Рашковски: „Бомбата“ е сечена, лепена…
July 6, 2019

СДСМ: За 11 години ВМРО-ДПМНЕ направи 7 км автопат а остави хаос и нерешени проблеми, провизиите и криминалните интереси беа единствен интерес

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

За само 2 години, Владата предводена од СДСМ во инфраструктурата направи многу повеќе од цели 11 години за време на ВМРО-ДПМНЕ, ги реши сите наследени и нерешени проблеми.

Автопатот Миладиновци – Штип денеска е пуштен во употреба во двата правци, со решени имотно правни проблеми, со обезбедени проекти, надвозници, заштити.

Решени се сите проблеми на Автопатот Кичево-Охрид, се гради во должина од 57 км.

4 експресни патишта се изградени, реконструирани и рехабилитирани со вкупна должина од 375 км на регионални патишта и 119 км магистрални: Градско-Дреново-Фариш, Штип-Крупиште-Кочани, Ранковце-Длабочица-Крива Паланка, Штип-Радовиш.

Во моментов се реализираат над 80 проекти за изградба и реконструкција на патишта во должина од повеќе од 700 километри.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги интересираа само провизии и криминални зделки, СДСМ ги решава проблемите што ги оставија и интенизвно гради по план!

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink
Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.