ГЕОРГИЕСКИ ИГРА МАЈТАП И СО УНЕСКО И СО НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ!?

Заев – Брнабиќ: До крајот на јули One Stop Shop, граѓаните двојно помалку да чекаат
July 5, 2019
Од Финалните заклучоци на Самитот за Западен Балкан во Познањ: Копретседавањето на Северна Македонија и Бугарија со Берлинскиот процес е важен симбол за поголема сопственост на процесот на земјите од регионот
July 6, 2019

ГЕОРГИЕСКИ ИГРА МАЈТАП И СО УНЕСКО И СО НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ!?

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Општина Охрид нема ниту стратегија ,а уште помалку желба да се справи со урбанистичкиот хаос во Охрид.Причини премногу, лични интереси , премногу , но секако најбитно од све за првиот човек на Охрид Константин Георгиески е само едно нешто ,а тоа е „Охрид ТрчаТ“.

На званичната веб страна на општина Охрид -ohrid.gov.mk , објавен е оглас за избор на најповолен понудувач – фирма за рушење на дивоизградени објекти!Вредноста на Јавниот Повик изнесува 25.000 Евара?? Воопшто нејасно е како со 25.000 евра Константин Георгиески планирал Општина Охрид да острани 418 дивоградби во строго заштитена зона во Националниот парк „Галичица“ и уште 1200 во Општина Охрид ?! Бадијала шетањето до Баку ,а попатно и ориенталниот танц во Истамбул, февруари 2020 ќе си дојде бргу,а калкулациите и неспособноста ,не ќе можат да се оправдуваат на наредниот самит на УНЕСКО во Кина .

25.000 евра за јавна набавка за рушење на скоро 1800 дивоградби ?Дали некој воопшто во општинскиот кабинет , намерно ја скроил ваквиот Јавен повик, знаејќи дека истиот уште не објавен , осуден е на пропаст? Кое ќе биде следното оправдување на наредниот самит на УНЕСКО во Кина, дека никој не се јавувал за да руши?!

Редакцијата ОхридСкај , го повикува градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, да не калкулира со фамозниот список на Дивоградби во Охрид, туку негова законска обврска истиот да го објави ЈАВНО  ,за кој објекти станува збор , со име и презиме на лицата или фирмите, кој изградиле дивоградби .Од што стравува?Од неговите изборни ветувања, или се плаши од имината на неговите „другарчина“?! Коста ТрчаТ???

Охридскај

С.Д.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink
Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.