Заев – Брнабиќ: До крајот на јули One Stop Shop, граѓаните двојно помалку да чекаат

Тамара ги откажа концертите: Семејството ми е во агонија!
July 5, 2019
ГЕОРГИЕСКИ ИГРА МАЈТАП И СО УНЕСКО И СО НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ!?
July 6, 2019

Заев – Брнабиќ: До крајот на јули One Stop Shop, граѓаните двојно помалку да чекаат

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Премиерот Зоран Заев и српската премиерка Ана Брнабиќ на денешната средба на маргините на Самитот за Западен Балкан во Познањ разговарале за забрзување на динамиката на финализирање на работите на One Stop Shop пунктот на граничниот премин Табановце за што ќе биде наменет и дел од грантот во висина од 2,8 милиони евра, од вкупните 42,7 милиони евра што Република Северна Македонија ги доби на Самитот во Познањ во рамки на Берлинскиот процес.

Како дополнителни приоритети, како што соопшти владината прес-служба, премиерите Заев и Брнабиќ ги издвоија и проектот за авторизирани економски оператори, кои Северна Македонија и Србија ги воведуваат како први земји во регионот и од кои се очекува да се олесни трговската размена, како и да се постават повисоки стандарди во регионот, комплементарни со оние на ЕУ, кога станува збор за раст на трговијата во регионалната соработка.

Претседателите на владите ја поздравија и почнатата соработка и во размена на искуства и во ноу-хау во дигиталните технологии, од кои посебно внимание ќе биде посветено на соработката за размена на искуства во сферата на дигиталните сервиси и владините веб страници со оглед на модерните веб решенијата кои ги има српската Влада, и кои можат да ги подобрат владините веб страници на земјава да станат уште повеќе услужно ориентирани кон граѓаните, се посочува во сооптението од владината прес-служба.

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.