Хан: ЕУ мора да ги почитува своите ветувања и да ја награди земјата што постигна историски напредок

Мицотакис: Договорот од Преспа не може еднострано да се поништи
July 4, 2019
Првиот човек на Бундестагот го испофали Ципрас за Договорот од Преспа
July 4, 2019

Хан: ЕУ мора да ги почитува своите ветувања и да ја награди земјата што постигна историски напредок

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Целиот регион на Западен Балкан треба да го следи примерот на Северна Македонија и треба да ги забрза реформите, особено во сферата на владеењето на правото, почитувањето на човековите права и доброто извршување на власта, изјави денеска на еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан на Самитот за Западен Балкан во полскиот град Познањ.

Тој нагласи дека ЕУ мора да ги почитува своите ветувања и да ја награди „земјата што постигна историски напредок“, оценувајќи дека не наградувањето на објективниот напредок ќе го наруши кредибилитетот на Унијата.

– Стојам зад препораката на Европската комисија за започнување на преговорите за членство во Албанија и Северна Македонија и сметам дека Советот на ЕУ во октомври ќе ја потврди нашата позитивна оценка. Двете земји спроведоа реформи, особено во сферите наведени во заклучоците на Советот од јуни 2018 – изјави Хан.

Еврокомесарот нагласи и дека земјите од Западен Балкан во наредните години и натаму ќе можат да сметаат на поддршка од ЕУ во спроведувањето на реформите преку програмата ИПА 3, за која во следниот период е предвидено зголемување на средствата за 13 проценти.

Хан потенцира дека економиите на земјите од Западен Балкан се веќе силно поврзани со ЕУ, на што укажува фактот дека над 70 проценти од трговската размена на регионот е со државите од Унијата.

– Со отстранување на сообраќајните тесни грла, ќе се намали времето за патување на граѓаните, како и трошоците за транспорт на бизнисот. Тоа ќе му овозможи на регионот уште подобро да го искористи својот економски потенцијал – оцени Хан.

Фото: EPA/KOCA SULEJMANOVIC

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.