Влада: Ненамерна грешка при изведување на химната

Поранешен новинар стана претседател на Европскиот парламент
July 3, 2019
Отворање на граничните премини Мајден – Промахoи и кај Преспа на владина седница
July 4, 2019

Влада: Ненамерна грешка при изведување на химната

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

По извинувањето на Тамара, и од Владата соопштуваат дека станува збор за ненамерна грешка, во врска со интонирањето на македонската химна вчера во Американската амбасада во Скопје од Тамара Тодевска, која ги изостави стиховите во кои се споменуваат имињата на Гоце Делчев, Питу Гули и Јане Сандански.

“Владата го честита националниот празник Ден на независноста на САД и на американскиот народ. Убавите манифестации кои Амбасадата на САД по овој повод ги организира секоја година се одлична можност за оддавање меѓусебна почит и за продлабочување на соработките меѓу двете земји и народите на двете земји. Владата доби известување од Амбасадата на САД и од изведувачката на химната Тамара Тодевска дека станува збор за ненамерна грешка при изведување на химната, како и уверувања за највисоко ниво на почит кон македонските традиција и херои“, се наведува во соопштението од Владата.

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.