„МојДДВ“ за граѓаните плус, за дуќанџиите и таксистите „ноќна мора“

ОТСТРАНУВАЊЕ НА ХАВАРИСАНИ МОТОРНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ
July 2, 2019
СКАНДАЛ:НА ТИМОНИЕ СРЕДБАТА СО НВО ВО ОХРИД МУ ЈА ОРГАНИЗИРАЛ КОПИРАНТ ОД ОПШТИНСКАТА АРХИВА?
July 2, 2019

„МојДДВ“ за граѓаните плус, за дуќанџиите и таксистите „ноќна мора“

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Лавина од реакции на граѓаните уште на почетокот на примената на проектот „МојДДВ“. Едни се жалат дека не можат да се регистрираат, други дека нивниот ајфон не прифаќа регистрација, трети се сомничави, оти оставаат податоци кај приватно лице, a не во Управата за јавни приходи. Има и такви кои веќе реагираат оти не добиле фискална во маалска продавница и додека се возеле во такси, но и такви кои не се регистрирале за персонален данок и сега не можат да ја симната апликацијата.

– Се е убаво, Владата ќе враќа ДДВ, ама ние да го оствариме нашето право ќе треба да одиме во продавница во соседното село или уште подобро во Тетово за да добиеме фискална сметка. Кај нас дуќанџиите не издаваат никаква сметка. Не дека не сакаат, туку ги немаат вградено. Така е со години, а никој не дошол да ги праша, уште помалку да ги казни – вели жител на тетовско село.

Тој додава дека и кај занаетчиите каде што поправа или купува земјодлески алатки нема да добие фискална, па затоа нема да види ништо од повратот на ДДВ.

Скопјанка, пак, се жали дека таксистот денеска не ѝ издал фискална сметка.

– Побарав, ама ми рече дека може да ми даде само парагон блок. Денеска му била расипана фискалната. Да многу често се случува фискалните да им откажуваат за да не плаќаат данок. Има и такви кои возат на диво. Тогаш како јас ќе добијам поврат на она што тој не го платил. И додека јас одбирам кај кого ќе се возам за да добијам поврат на ДДВ, зашто таксистите сѐ уште не се поврзале со УЈП со ГПРС- уред, државните инспектори нека си гледаат на кафе – вели таа.

За да може да добијат поврат на дел од платениот данок, граѓаните треба да имаат над 15 години, да поседуваат документ за идентификација, своја трансакциска сметка и да се регистрирани на системот на Управата за јавни приходи за персонален данок на граѓаните: е-ПДД, зашто за најава во апликацијата „Мој ДДВ“ ќе ги користат истите имејл и лозинка од е-ПДД.

– Невработена сум и немам приходи за да пријавам персонален данок. Секако правам промет во продавници и како, сега, јас да ја симанам апликацијата за да скенирам баркодови од сметки. Значи за нас невработените нема поврат на ДДВ? Или треба да бараме нашите дедовци и баби пензионери што не финансираат да ни ги скенираат сметките и потоа да ни го даваат повратот на ДДВ – вели нерваботено лице.

Сепак голем дел од граѓаните се задоволни што државата се сетила и на нив.P Пресметките се дека годишно секој ќе може да врати по 7.200 денари, или четиричлено семејство до 28.800 денари.

– Велат кај нас посиромашните државата ќе вратела и помалку пари, ама јас мислам дека е добро што државата се сети и на нас. Трошите цела година и на крај некој ќе ви даде 1.000 па и 3.000 денари. Ќе бидам задоволна, зашто досега и тоа не го добивав. Барем ќе има за неколкудневно пазарење – вели анкетирана граѓанка.

Проектот доби коментари и на социјалните мрежи и кои се движат од шегобијни до сериозни.

Од УЈП вреќе појаснија дека многу брзо апликацијата ќе биде достапна за преземање и од „епл стор“ за корисниците од оперативниот систем ИОС. Оттаму појаснија и дека дел од таксистите поради рокот 31 декември 2019 година сѐ уште не вовеле фискални апарати со вграден ГПРС-уред, што значи сметките издадени од овие таксисти нема да имаат баркод кој е потребен да се скенира за да се добие поврат на ДДВ.

Проектот, како што го најави Владата, покрај враќање на пари за граѓаните има цел да ја намали сивата економија, со тоа што граѓаните ќе инсистираат да добијат фискални сметки и нема да купуваат на места каде што не се издаваат вакви сметки.

Системот не регистрира невалидните фискални сметки, односно сметки кои немаат баркод.

– Ако граѓаните сакаат да ги пријават продавачите што не издаваат валидни фискални сметки, тоа може да го направат на телефонскиот број 198, преку анонимна пријава или да дојдат во УЈП – изјави вчера на прес-конференција директорката на УЈП Сања Лукаревска.

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.