Правда го чека законот за СЈО што го најави Мицкоски

Во Загреб при крај изградбата на првата црква на МПЦ во регионот
June 30, 2019
ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ТИМОНИЕ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД
July 1, 2019

Правда го чека законот за СЈО што го најави Мицкоски

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Во Министерството за правда сѐ уште не е пристигнат текст за нов закон за Специјалното јавно обвинителство што го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Оттаму посочуваат дека го чекаат предлогот, но оти нема да прифатат законско решение доколку во него има скриена амнестија.

– Со нетрпение го чекаме текстот од ВМРО-ДПМНЕ. Кога ќе го добиеме – ќе се произнесеме. Доколку има подобрувања на текстот, секако ќе бидат прифатени. Ако има скриена амнестија – нема да биде прифатена – велат од Министерството за правда.

Новиот закон за СЈО, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другото ќе биде во склад со европското право и препораките и праксите на Европскиот суд за човекови права.

Работни групи на двете најголеми политички партии со кои раководи министерката за правда Рената Дескоска веќе подолго време немаат одржано средба за изнаоѓање заедничко решение за идниот статус на Специјалното јавно обвинителство и законот за Јавното обвинителство.

Двете страни најмногу спорат за членот 105 од Предлог законот што го регулира продолжувањето на постапките и судбината на доказите од прислушкуваните разговори. ВМРО-ДПМНЕ бара негово отстранување, со цел да се укинат сите обвиненија и истраги на СЈО покренати по 30 јуни 2017 година.

Овој предлог-закон е еден од условите за почеток на преговорите со Европската Унија. Последниот рок за донесување на законот за СЈО што си го постави власта е септември.

 

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.