Ќе ги обезбедиме сите материјални докази, рече министерот Спасовски околу случаите за кој пишува новинарот Героски

Заев за Зафировски: Нема да бидам истражен орган зошто некој има сметка дома или надвор од земјата
June 28, 2019
Анѓушев: Наскоро интензивирање на изградбата на автопатот Кичево – Охрид
June 29, 2019

Ќе ги обезбедиме сите материјални докази, рече министерот Спасовски околу случаите за кој пишува новинарот Героски

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Сакам да ве уверам и вас и јавноста дека се што ќе биде побарано од Министерството од страна на Обвинителството кое вчера информираше дека е отворен случај, ние ќе бидеке тука за да можеме да ги обезбедиме сите материјални докази и да се расчистат сите овие случаи. Тоа е добро, да имаме отварање на било каков случај, не само од новинари и институции, туку и од граѓани. Се со цел, сите заедно да се вклучиме масовно во борбата против криминалот и корупцијата, како едни од најголемите болести на општеството. Болести, кои ги уништуваат перспективите, работните места. Затоа што корупцијата е нешто со кое нема напредок. Мора да и се застане на патот, без разлика од каде доаѓа. Посебно на корупцијата од високите структури во власт, поранешна власт, секаде. Заради тоа што на тој начин се праќа јасна порака дека во државата одговорност мора да има за секој. Без разлика дали е на функција или е обичен граѓанин. Вака одговори министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на новинарско прашање околу случаите за кој пишува новинарот Героски. Премиерот Заев пред два дена во Парламентот спомна дека се информирал за случајот кој новинарот Героски го изнесува во написи за наводен рекет од страна на лица под псевдоними, па имал информација за тоа.

На прашање околу бројот на полицајци при обезбедувањето се да помине во најдобар ред на двата марша денеска во главниот град, министерот рече дека како и секогаш, целта била се да помине најдобро што може. Да се зачува безбедноста и стабилноста. Тоа било и постигнато.

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.