Уште девет земји треба да го ратификуваат протоколот за членство во НАТО

ИЗВЕСТУВАЊЕ – УРБАНА ОПРЕМА
June 27, 2019
Јанакиески меѓу приведените во големата полициска акција
June 28, 2019

Уште девет земји треба да го ратификуваат протоколот за членство во НАТО

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешната средба со новинарите рече дека уште девет земји не го ратификувале протоколот за членство на нашата земја во НАТО и оти според информациите со кои располага тој во сите земји постапките за ратификација се во тек. Тој очекува сите постапки за ратификација да завршат на есен.На овој список се Луксембург, Исланд, Велика Британија, Шпанија, САД, Италија, Холандија, Франција и Турција. Во Парламентот на Велика Британија, рече, нема класично гласање, протоколот стои 21 ден како предмет и доколку никој не поднесе забелешки, по истекувањето на овој рок се смета за ратификуван.

Џафери очекува и во Турција да заврши постапката за ратификација до есен. Според информациите што ги има, парламентарната постапка е почната и во оваа земја.

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.