РАКОМЕТЕН КАМП „ КИРИЛ ЛАЗАРОВ 7“

ПО ПРЕПОРАКА НА УНЕСКО ОПШТИНА ОХРИД ИЗГОТВИ РЕГИСТАР НА НЕЛЕГАЛНИ ГРАДБИ
June 27, 2019
ИЗВЕСТУВАЊЕ – УРБАНА ОПРЕМА
June 27, 2019

РАКОМЕТЕН КАМП „ КИРИЛ ЛАЗАРОВ 7“

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Градоначалникот Константин Георгиески денеска имаше средба со ракометната легенда, најдобриот стрелец во светот и најдобриот македонски спортист Кирил Лазаров. На средбата Лазаров, се заблагодари за поддршката на општина Охрид во реализацијата на ракометниот камп „ Кирил Лазаров 7 “ кој по петти пат се одржува во хотелот „ Аквалина“ , а на градоначалникот му го подари неговиот репрезентациски дрес со број 7 и дресот наменет за учесниците на кампот.

На петото издание на ракометниот камп кој се одржува во две смени и истиот има интернационален карактер, учествуваат 380 деца од 13 земји. Тренинзите ги водат познати македонски тренери, ракометари и познати ѕвезди од клубови од странство кои играле заедно со Кирил Лазаров.

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.