Костадинов: Сѐ додека не се оградите од овој со лисиците и капчето нема да дојдете на власт

Арта Точи од Алијанса, нова пратеничка на местото на Мемеди
June 27, 2019
Груевски: Тоа беше стандардна процедура по барањето за екстрадиција
June 27, 2019

Костадинов: Сѐ додека не се оградите од овој со лисиците и капчето нема да дојдете на власт

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Пратеникот Костадин Костадинов од СДСМ со фотографија од Груевски од судот во Будимпешта им порача на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека нема да дојдат на власт се додека не се оградат од Груевски.

– Се дури не се оградите од овој човек со лисици, капче и наочари во суд во Будимпешта, се дури не се оградите од овој човек кој уште ви ги дава насоките како да постапувате преку неговата уста и очи кој се вика Христијан Мицкоски, нема да дојдете на власт. Граѓаните не сакаат да гледаат пак такво ВМРО-ДПМНЕ кое ќе биде главен уредник на вести и полицаец во МВР, кое ќе биде и прв судија, ќе монтира судски процеси. Граѓаните нема да го дозволат тоа – рече Костадинов.

На ова реагираше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски кој рече дека СДСМ изгубиле многу гласови на последните претседателски избори.

 

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.