Предлогот за новите министри денеска патува до Собранието

ОПШТИНА ОХРИД ВОВЕДУВА НАПЛАТА НА ВЛЕЗ ВО КАНАЛОТ СТУДЕНЧИШТА,СЕ СТАВА РЕД НА БЕЗАКОНИЕТО КОЕ ВЛАДЕЕШЕ.
June 22, 2019
Младиот Бесир Алили стана европски шампион во борење
June 23, 2019

Предлогот за новите министри денеска патува до Собранието

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Премиерот Зоран Заев денеска ќе ги достави до Собранието имињата на министрите кои ќе бидат дел од новата реконструирана Влада, по што предлогот треба да биде усвоен на собраниска седница во текот на следната недела.

По реконструкција на Владата, премиерот Заев, најави дека ќе следуваат и промени во вториот и во третиот ешалон, со кој треба да бидат опфатени директори и членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.

Предлогот до Собранието првично требаше да биде доставен во петокот, но премиерот Заев го одложи за денеска, поради тоа што нашата земја, како што рече, е домаќин на Конституенцата на повеќе од 15 министри за финансии, гувернери, тројца потпретседатели на Светската банка и двајца потпретседатели на Меѓународниот монетарен фонд.

– Одлуките се донесени и в недела попладне ќе ги доставам до Собранието материјалите за сите промени што ќе се случат во Владата, изјави Заев, завчера одговарајќи на новинарски прашања.

Во однос на промените што се прават внатре во Социјалдемократскиот сојуз, Заев информираше дека останува да се именуваат потпретседателите на партијата и уште 20-тина претседатели на општинските организации на партијата. Изрази уверување дека до крајот на месецот СДСМ ќе ги донесе одлуките за избор на потпретседателите на партијата и мал дел на претседатели на општински организации кои останаа неизбрани.

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.