Финансиска полиција влезе во МРТВ: Директор земал кредит без дозвола

Девојката на Верати го вжешти Инстаграм
June 20, 2019
Ел Чека продолжува да објавува „бомби“ за ДУИ
June 21, 2019

Финансиска полиција влезе во МРТВ: Директор земал кредит без дозвола

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Финансиската полиција денеска ги презентираше резултатите од работеното во текот на оваа година, а еден од случаите кои предизвика најголем интерес во јавноста се однесува на Македонската радио-телевизија (МРТВ).

Финансиска поднесе кривична пријава против директорот Марјан Цветковски за злоупотреба на службената положба и овластувања. Случајот се однесува на кредит од 140 милиони денари кој тој го зел од една домашна комерцијална банка.

Како што информираа од Финансиската полиција, тој како залог на кредитот го ставил целиот движен и недвижен имот во вредност од 294.459.822 денари односно 154.452.822 денари повеќе од вредноста на кредитот.

А сето тоа, според надлежните, тој го направил без да добие согласност од Собранието кое е основач и сопственик на јавниот сервис. Со тоа е прекршен Законот за јавни претпријатија.

Веднаш што го добил кредитот, околу 30 милиони денари директорот уплатил за долг кој МРТВ го имала кон БЕГ.

Во случајот кривична за злоупотреба на службената положба добила и нотарката која ги заверувала документите за кредитот бидејќи тоа го направила без да побара да ѝ се достави согласност од Собранието.

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.