ОХРИД1 И СКОПЈЕ1 ЛИФЕРУВААТ ЛИ ЛАЖНИ ВЕСТИ ЗА ПРОАКВА СО КРАЈНА ЦЕЛ ИЗНУДА ?!

Заживува изградбата на „Чебрен“, тендер до крајот на годината
June 21, 2019
ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО (ФОТО)
June 21, 2019

ОХРИД1 И СКОПЈЕ1 ЛИФЕРУВААТ ЛИ ЛАЖНИ ВЕСТИ ЗА ПРОАКВА СО КРАЈНА ЦЕЛ ИЗНУДА ?!

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Несериозни обвинувања или обид за медиумска изнуда врз директорот на МЈП Проаква Владимир Алексијоски од страна на порталот Охрид1 и Скопје1, кој патем имаат ист издавач и уредник. До сега во неколку наврати Алексиоски е мета на фабрикување на ЛАЖНИ ВЕСТИ од страна на споменатите портали и нивниот сопственик. Сопственикот на споменатите портали, кој патем перманентно лиферуваат лажни вести, а веројатно со однапред определена цел, неосновано, поточно спротивно на одредбите на Закон за информирање, Кодекс на новинари Љупчо Танески, злоупотребуваќи го сопствениот медиум, а со цел да создаде лажна слика за работењето на Алексиоски на позицијата, Директор на МЈП Проаква-Охрид, создал и лиферувал лажна вест, дека наводно Алексијоски „Изел 1.000.000,оо денари, но и дека се гоштевал во Хотел „Романтик“ во Велес?!

Најнапред сопственикот и авторот на лажната вест Љупчо Танески, кој патем воопшто не е Новинар, имал можност да ја дознае и да ја пренесе правата вистина, дали тоа Алексијоски јадел на сметка на граѓаните на Охрид 1.000.000,оо денари, доколку се повикал на чл. 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, и барањето го испрател до МЈП Проаква-Охрид. Согласно чл. 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, бараните информации ќе ги добиел веднаш или најкасно за 8, а не подолго од 30 денови.

На начин на пласирање на лажни вести, а со цел да се наштети на лице, институција итн, Танески не само што сторил казниво дело „Клевета и Навреда“, туку и не се произнесол по барањето испратено од  Владимир Алексијоски преку адвокатот Марјан Шикалески  за јавно ИЗВИНУВАЊЕ за изнесени клевети и навреди.

Новинарот е должен, пред да објави било каква вест, каде изнесува факти, за истите да има доказ дека таквите наводи се вистинити, а не рекла-казала муабети, лиферувани од одредени политички или други центри, со цел да наштетат како на честа и угледот на МЈП „Проаква“, директорот Алексијоски, туку сакаат да создадат рушење на имиџот на градоначалникот на Општина Охрид, а со претходно добро смислена цел, како лажната вест да се фабрикува, како би створила лажна перцепција кај читателите, за одредена личност, друштво или институција.

Откако Охрид1 и Танески по стоти пат се фатени во фабрикување и лиферување на лажни вести, сега ќе барале информација од Јавен карактер, нешто што требало да направат пред да лиферуваат ЛАЖНА ВЕСТ…

Во прицип редакцијата ОхридСкај е против судски спорови кон новинари и новинарски куќи, но овде не станува збор, ниту за новинарска куќа, а уште помалку за „новинар“.

Сашо Денесовски

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.