ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО (ФОТО)

ОХРИД1 И СКОПЈЕ1 ЛИФЕРУВААТ ЛИ ЛАЖНИ ВЕСТИ ЗА ПРОАКВА СО КРАЈНА ЦЕЛ ИЗНУДА ?!
June 21, 2019
Бројни активности за почист град
June 21, 2019

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО (ФОТО)

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Со богата културно уметничка програма, во присуство на претставници на општините Охрид, Струга и Поградец од соседна Албанија, денеска свечено беше одбележан 21-ви Јуни-Денот на Охридското Езеро. Оваа  манифестација е востановена со потпишување на меморандумот за разбирање меѓу општините Охрид, Струга и Поградец од соседна Албанија во февруари 2000 година.– Со одбележувањето на Денот на Охридското Езеро, денес како и годините наназад упатуваме порака дека заеднички ќе ги интензивираме активностите за негова заштита, како светско природно богатство.Во езерото, за кое научниците тврдат дека е старо околу 3 милиони години, има ендемични видови на растителен и животински свет, богатство кое не е само наше туку е планетарна природна ризница.Токму затоа, сериозно треба да ги прифатиме и да ги реализираме забелешките на меѓународните  организации,особено на УНЕСКО и да почнеме со примена на нови практики кои ќе овозможат заштита и одржлив развој- рече во обраќањето градоначалникот Константин Георгиески.

Градоначалникот на општина Поградец од соседна Албанија Едуард Капри истакна дека заедничкото одбележување на Денот на Охридското Езеро е и заедничка обврска за негова интегрална и трансгранична заштита.

– Зашитата на Охридското Езеро има особено значење за одржлив развој на целиот регион, кој ќе ни овозможи да креираме нови стратегии особено во областа на туризмот- рече во обраќањето претседателот на Советот на општина Струга Албриум Положани.

Во културно- уметничката програма учествуваа дечиња од детската градинка „Јасна Ристеска“ , ученици од ОУ „Братство-Единство“ , музичката група „Везилка“ и КУД „Ѓердан“ .

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.